Се намалува бројот на ученици во основните и средни училишта во Велес
Од година во година сè помал е бројот на ученици во велешко. Иселувањето причина што има сè помалку деца во образовниот процес. Така сега во некои паралелки настава посетуваат по 10 до 15 ученика…

Се намалува бројката на ученици во основното и средното образование во велешко. Од година во година бројот на ученици опаѓа, како во основното така и во средното образование. На почетокот годинава имало стотина помалку отколку лани. Се намалува и бројот на првачињата во седумте основни училишта во општината.
Во основно и средно образование во општината во учебната 2022/23 година, запишани се 6.481 ученик, или 103 помалку од ланската учебна година. Во прво одделение годинава запишани се 450, што е за 30 помалку од лани.
Родителите со заминувањето од земјава ги повлекуваат и нивните деца, па така тие образованието го продолжуваат во други земји.
Намалениот број на ученици придонесе во училишта да се намали и бројот на ученици во паралелките, така сега во некои настава посетуваат и по 10 до 15 ученика.
Петар Печков
