Србија
Дронови навлегуваат од Косово во централна Србија, тврди министерот за одбрана Вучевиќ
02.11.2022 14:03
По наредба на претседателот на државата, Вучиќ зголемена е борбената готовност земјата, откако беспилотни летала биле забележани над територијата на централна Србија, за кои властите во Белград, тврдат дека влегуваат од Косово...

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека по наредба на претседателот на државата, Вучиќ зголемена е борбената готовност земјата, откако беспилотни летала биле забележани над територијата на централна Србија, за кои властите во Белград, тврдат дека влегуваат од Косово.
Вучевиќ рече дека не може да каже чии се дроновите, но тврди дека доаѓаат од територијата на Косово. Од друга страна, министерот за одбрана на Косово, демантираше дека дроновите потекнуваат од територијата на Косово.
