Ставрески: Најмалку 64.000 работни места во следниот период
25.04.2014 14:18
И наредните четири години ќе продолжат успешните политики за намалување на невработеноста со кои во изминатиот период стапката беше редуцирана од 38 на 28 проценти...

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека во следниот период ќе се отворат најмалку 64.000 нови работни места, а за тоа ветување имаме најдобра поткрепа во најавите што само во последните три недели ги направија девет странски инвеститори коишто ќе отворат вкупно 13.000 работни места, потенцираше Зоран Ставрески, носител на пратеничката листа во Изборната единица 4, по средбата со граѓаните на Струмица.
И наредните четири години ќе продолжат успешните политики за намалување на невработеноста со кои во изминатиот период стапката беше редуцирана од 38 на 28 проценти, додаде Ставрески. Според него, економскиот раст, инвестициите и работните места остануваат во фокусот.
Покрај отворањето работни места од страна на странските инвеститори во слободните и индустриските зони ќе има, рече, отворање работни места и од домашните инвеститори за кои се обезбедени многу стимулативни мерки како ослободувањето на работодавачот од плаќање придонеси за здравствено, пензиско и социјално осигурување доколку вработи младо лице до 29-годишна возраст.
