Донесен Предлог-буџетот за идната година
Владата в година планира да потроши речиси 5,3 милијарди евра, а да собере околу 4,6 милијарди. Буџетскиот дефицит е 695 милиони евра, 100 милиони помалку од средствата предвидени за капитални инвестиции. За 2023 се проектира раст од 2,9 проценти. Усвоена предлог-државната каса за 2023-та помина...

Владата в година планира да потроши речиси 5,28 милијарди евра, а да собере околу 4,58 милијарди. Дефицитот пресметан на 695 милиони евра.
Усвоена предлог-државната каса за 2023-та. Министерот за финансии Бесими ги претстави контурите. Проектираме раст од 2,9 проценти, главниот предизвик е да се соочиме со ефектите од глобалната криза и инфлацијата. Се држиме до златното правило, капиталните расходи се поголеми од буџетскиот дефицит, вели првиот финансиер.
Во 2023-та година се планира рекордно ниво на капитални инвестиции од 795 милиони евра, или за 52,3% повеќе во однос на годинава, кои ќе бидат основа за забрзување на растот. В година ќе се воведат и нови модели за субвенционирање на земјоделството, предвидени се и субвенции за приватниот сектор, раст на трансфери до општините.
Стапката на инфлација за следната година е проектирана на 7, 1 процент. Владата останува посветена на фискалната консолидација и одржување на растот и во иднина, вели Бесими. Предлог-буџетот за наредната година е изготвен според новоусвоениот, реформски закон за буџети.
Сунчица Николоска
