Бектеши и Ковачевски: РЕК Осломеј со најголемо производство на електрична енергија во последните 10 години
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска беше во посета на РЕК Осломеј, каде заедно со генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски ги посетија производните единици на термоелектраната и новото рудно наоѓалиште во рамките на РЕК Осломеј...

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска беше во посета на РЕК Осломеј, каде заедно со генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски ги посетија производните единици на термоелектраната и новото рудно наоѓалиште во рамките на РЕК Осломеј.
Министерот Бектеши се заблагодари на напорите на менаџментот на ЕСМ и сите вработени во термоелектраната Осломеј за да произведат доволни количини на електрична енергија се со цел непречена испорака на струја за домаќинствата и малите потрошувачи.
„Денеска заедно со директорот Ковачевски сме на терен да видиме како се одвива производството на електрична енергија во термоелектраната Осломеј во Кичево. Како Влада правиме големи напори од почетокот на енергетската криза, посебно со почетокот на грејната сезона да дадеме максимална финансиска поддршка за ЕСМ, да го зголеми домашното производство на електрична енергија за да не бидеме зависни од увоз, како и за субвенционирање на цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи, кажа министерот Бектеши.
Министерот додаде дека Владата донесе одлука за фиксна цена на електрична енергија за прехранбената индустрија, училиштата и водоснабдувачките станици која ќе биде снабдена од ЕСМ.
„Донесовме одлука за дополнителна обврска на ЕСМ каде што основните и средните училишта, преработувачката индустрија, односно производителите на основни прехранбени производи, водоснабдувачките станици да бидат снабдени со фиксни цени од 80 до 95 евра по мегават час и директно преку ЕСМ и на тој начин да влијаеме за справување со инфлацијата и намалување на цените на основните прехранбени производи“ кажа министерот.
Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кажа дека во изминатите години се направени значителни инвестиции во комбинатот со што е зголемен капацитетот на РЕК Осломеј и оваа година е остварено најголемо производство на електрична енергија во комбинатот споредено во последните 10 години.
Што се однесува на производството, како што појасни директорот Ковачевски, намалена оваа година 2022 имаме за производство на еден мегават час произведена енергија најмала потрошувачка на мегават час од страна на јаглен, што е намалување за три пати.
Директорот исто така информираше и за новото наоѓалиште за јаглен во рамки на комбинатот Осломеј каде што е утврдено дека има околу два милиони тони јаглен
