Царината првиремено задржа производи поради сомневање за фалсификат

25.04.2014 14:42

Поради основано сомневање дека претставуваат фалсификати на заштитени трговски марки, стоките се привремено задржани се до утврдување на нивната оригиналност...

Поради сомнеж дека станува збор за фалсификувана роба, во текот на изминатата недела привремено се задржани околу 2.500 парчиња облека и обувки и 152.600 парчиња средства за лична поради сомневање дека се фалсификати.

Вчера на граничниот премин Богородица, за влез во Република Македонија се пријави товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, натоварено со најразновидна текстилна стока од Турција, наменета за увозник од Босна и Херцеговина. При извршен детален преглед на стоката, индициран од ниската фактурирана вредност, царинските службеници привремено задржаа околу 1.934 парчиња облека, чанти и 694 пара спортски обувки под сомневање дека повредуваат право од интелектуална сопственост, стои во соопштението на Царината. 

Од Царината соопштуваат дека фактурната вредност на привремено задржаната стока изнесува 5.169,00 евра, а доколку се работи за оригинални производи од заштитената трговска марка во малопродажба вредноста би достигнала 99.975,00 евра или над 6 милиони денари.

Додека пак, во два одделни наврати на царинската испостава Тетово, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи привремено задржаа поголема количина на средства за лична хигиена. 

Поради основано сомневање дека претставуваат фалсификати на заштитени трговски марки, стоките се привремено задржани се до утврдување на нивната оригиналност, согласно Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост.