Хрватска

Земјотрес во Хрватска

02.11.2022 17:44

Земјотрес во 11 часот и 52 минути го погоди подрачјето на централна Хрватска. Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 14 километри од Сисак, со епицентар на 16 километри југозападно од градот и 46 километри од Загреб...

Земјотрес во 11 часот и 52 минути го погоди подрачјето на централна Хрватска. Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 14 километри од Сисак, со епицентар на 16 километри југозападно од градот и 46 километри од Загреб. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Магнитудата на земјотресот била 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Како што информираат корисниците на EMSC апликацијата за земјотреси, почувствуван е силен удар и тресење, а пишуваат дека таков земјотрес одамна не почувствувале.