Влада
Владата испрати покани до партиите за лидерска средба
02.11.2022 17:54
Владата денеска испрати покана до сите парламентарни политички партии за лидерска средба што треба да се одржи в понеделник, на 7-ми ноември во Собранието.

Владата денеска испрати покана до сите парламентарни политички партии за лидерска средба што треба да се одржи в понеделник, на 7-ми ноември во Собранието.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера најави дека ќе испрати покани до партиите, а од Владата соопштија дека средбата се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус.
