Македонија

Се потпиша првиот договор за соработка во областа на дијаспората

02.11.2022 18:12

Со цел да ја збогатиме заемната соработка и да ја приближиме нашата дијаспора до матичната земја, денес на 02.11.2022 година, со задоволство ве известиме дека се потпиша првиот договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата на РСМ застапувана од министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи и градоначалникот на Општина Крушево, г. Томе Христоски...

Со цел да ја збогатиме заемната соработка и да ја приближиме нашата дијаспора до матичната земја, денес на 02.11.2022 година, со задоволство ве известиме дека се потпиша првиот договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата на РСМ застапувана од министерот задолжен за дијаспора, д-р. Џемаил Чупи и градоначалникот на Општина Крушево, г. Томе Христоски.

Во оваа прилика министерот д-р. Џемаил Чупи им се обрати на присутните во Општина Крушево, при што првенствено му се заблагодари на градоначалникот за неговата подготвеност за продлабочување на соработката и воедно даде краток осврт на проектите на кои неговиот Кабинет континуирано работи во полза на дијаспората.

Соработката согласно потпишаниот договор ќе се спроведе по пат на отворање на општински канцеларии кои ќе имаат посредничка улога во насока да на граѓаните од дијаспората им се овозможи полесен пристап до потребните информации и да им се даваат дополнителни упатства врз основа на нивните права и обврски во соодветните постапки пред надлежните органи за време на нивниот престој во матичната земја.

Исто така, денес и во наредните денови ќе се продолжи со потпишување на договори за соработка во областа на дијаспората и со други општини во кои претстои отворање на општински канцеларии.