Јацењук: Русија посакува трета светска војна

25.04.2014 15:03

Во меѓувреме седум лица се повредени во експлозија на контролнен пункт кај Одеса на Крим, еден ден откако на истокот на земјата беа убиени пет проруски бунтовници...

Привремениот украински премиер Арсениј Јацењук рече дека Русија со „воената и политичка“ окупација на Украина и создавањето конфликт што би можел да се прошири на остатокот од Европасака да почне трета светска војна. Пред тоа, украинскиот министер за внатрешни, Аваков, изјави дека украинската операција против проруските бунтовници на истокот на земјата напредува и дека силите за безбедност имаат доволно ресурси да продолжат сѐ додека е тоа потребно.

Во меѓувреме седум лица се повредени во експлозија на контролнен пункт кај Одеса на Крим, еден ден откако на истокот на земјата беа убиени пет проруски бунтовници, а Русија почна воени вежби. Очевидци велат дека бомбата била фрлена од автомобил во движење, но информацијата не е потврдена официјално. Американскиот државен секретар Џон Керисе закани со дополнителни санкции за Русија и порача дека ќе загуби многу доколку не преземе мерки за намалување на кризата.

„По најновите заканувачки потези од страна Русија, сакам да бидам јасен, ако таа продолжи во овој правец, тоа ќе биде мошне скапа грешка. А како што истакна претседателот Обама, ние сме подготвени да дејствуваме“, вели Џон Кери, американски државен секретар.

Русија, пак, тврди дека Западот е тој којшто не се придржува до договорот од Женева. Рускиот Министер за одбрана, Шојгу, рече дека Русија мора да реагира на ситуацијата во југоисточна Украина.

„Дадено е зелено светло да се употребува огнено оружје против цивили, против жителите на сопствената земја. Ако оваа воена машина не се сопре, ќе доведе до голем број жртви“, изјави Сергеј Шојгу, министер за одбрана на Русија.

Украина во меѓувреме побара од Русија да даде објаснување воените вежби во близина на нејзината граница во рок од 48 часа, коишто почнаа вчера. Според НАТО, на украинската граница има околу 40 илјади руски војници.

 

Марина Автовска