Европа лига, факти и реакции!
Бенфика води против Јувентус, Севилја има предност во шпанската пресметка со Валенсија, но се уште секој има објективна основа да се надева на финале во УЕФА Европа лигата.

Бенфика води против Јувентус, Севилја има предност во шпанската пресметка со Валенсија, но се уште секој има објективна основа да се надева на финале во УЕФА Европа лигата.
На „Луж“ во Лисабон, португалскиот го совлада италијанскиот шампион со 2-1, со голови на почетокот и на крајот на дуелот. Гарај ја отвори, а Лима ја затвори серијата по што Бенфика ја задржа победничката низа на домашен терен во вториот квалитативен интернационален куп. „Орлите“ сега имаат 16 победи на 18 натпревари пред своја публика во Лигата на Европа и без оглед како ќе заврши реваншот на „Јувентус арена“, остануваат во трка по рекордот на градскиот ривал Спортинг кој има низа од 19 меча без домашен пораз. Ако сака да ја искористи шансата и да го игра финалето на УЕФА Европа лигата на своја трева, Јуве треба да ја мине Бенфика. Реална опција за таков епилог дава голот на Тевез во 73-та минута, во тој момент за израмнување на 1-1. „Бевме добри во одбрана со исклучок на погодокот на Тевез. Тој е голем мајстор и блесна. За мене вчерашната средба беше на ниво на Лигата на шампионите“, задоволен од водството од 2-1 е тренерот на Бенфика Жорге Жезус.
Уште поотворена порта кон финалето на 15-ти мај има двократниот освојувач Севилја која обезбеди 2-0 против Валенсија. На „Санчез Пицхуан“, пресудија Мбиа и Бака за само три минути во првото полувреме. „Не сум сигурен каде се наоѓав, но кога дојде топката до мене, реализирав“, концизен беше Мбиа одбивајќи да коментира дали првиот гол на Севилја е од офсајд. Валенсија повторно немаше успех против ривал од Примера, идентично како и во 2012-та кога загуби во полуфиналето против Атлетико. Тогаш Валенсија исто така го загуби првото соочување со два гола, а во второто на својата „Месталја“ претрпе пораз од 1-0. „Ја свртевме пресметката со Базел, можеме и оваа. Топката не ги посака Жонас и Варгас, но на вториот меч ќе ги посака“, оптимист е Жереми Матие, дефанзивецот на Валенсија која ја освои УЕФА Европа лигата во 2004.
