Руско - украински конфликт

„Запорожје“ исклучена, оштетени високонапонски водови

03.11.2022 09:46

Украинската нуклеарна централа Запорожје е исклучена од електричната мрежа откако во руско гранатирање се оштетени преостанатите високонапонски водови. Русија не успеа да добие одобрение од Советот за безбедност на ОН за резолуција за биолошко оружје насочена кон САД и Украина...

Украинската нуклеарна централа Запорожје е исклучена од електричната мрежа откако во руско гранатирање се оштетени преостанатите високонапонски водови. Во употреба останаа само дизел генератори, соопшти државната нуклеарна компанија Енергоатом. Според информациите, централата има залихи од гориво за генераторите уште 15 денови

Русија не успеа да добие одобрение од Советот за безбедност на ОН за резолуција за биолошко оружје насочена кон САД и Украина. На Москва и беа потребни девет гласа во 15-члениот Совет за да ја одобри нацрт-резолуцијата врз основа на неосновани руски наводи дека САД произведуваат биолошко оружје во Украина. За предлог-резолуцијата гласаа само Русија и Кина, против беа САД, Велика Британија и Франција, а останатите 10 земји беа воздржани.