САД

Вашингтон со обвинувања до Пјонгјанг дека испраќа оружје за Москва

03.11.2022 09:52

Според портпаролот на Советот за национална безбедност, САД веруваат дека Северна Кореја „се обидува своето оружје да го испрати во земјите на блискиот исток или северна Африка“...

Белата куќа ја обвини Северна Кореја дека и доставила значителен број артилериски гранати на Русија како поддршка за нејзината инвазија на Украина. Според портпаролот на Советот за национална безбедност, САД веруваат дека Северна Кореја „се обидува своето оружје да го испрати во земјите на блискиот исток или северна Африка“.

Белата куќа не го прецизираше начинот на транспорт на севернокорејските гранати во Русија, ниту дали западните земји ќе се обидат да ги пресретнат овие пратки.