Груевски на средба со менаџментот на КСС
25.04.2014 15:09
Ќе почнат да работат во третиот квартал од годинава, а паралелно ќе се работи и на гринфилд инвестицијата која треба се реализира во вториот квартал од 2015-та...

Менаџерскиот тим на „Ки Сејфти Системс“ (КСС) е во тридневна посета на земјава.
Тие веќе беа во Кичево каде што ќе ја реализираат инвестицијата. Ќе почнат да работат во третиот квартал од годинава, а паралелно ќе се работи и на гринфилд инвестицијата која треба се реализира во вториот квартал од 2015-та година.
Ќе се вработат меѓу 800 и 1000 лица, а ќе се произведуваат безбедносни делови од автомобилската индустрија.
Премиерот Никола Груевски денеска имаше средба со менаџерскиот тим на компанијата.
