Поплави во Австралија, евакуирани 90 илјади жители
Во изминатите 24 часа во Нов Јужен Велс, спасувачките тимови изведоа 15 операции за спасување на луѓето од поплавените подрачја. Австралија издвои 1,3 милијарди долари за помош на илјадници жители чии домови беа оштетени од поплавите и во некои случаи да се преселат во побезбедни области...

90 илјади жители на Австралија се евакуирани поради поплави. Властите издадоа предупредување за граѓаните на Вага Вага, Гунеда и Форбс во Нов Јужен Велс да ги напуштат домовите. Според метеоролозите, градот Форбс, кој се наоѓа западно од Сиднеј, утре би можел да биде погоден од најлошите поплави во последните 70 години.
Во изминатите 24 часа во Нов Јужен Велс, спасувачките тимови изведоа 15 операции за спасување на луѓето од поплавените подрачја. Австралија издвои 1,3 милијарди долари за помош на илјадници жители чии домови беа оштетени од поплавите и во некои случаи да се преселат во побезбедни области.
Ова се четврти најголеми поплави во Австралија оваа година.
