Сметките за електрична енергија влијаат врз финансиското работење на штипската болница
За економска стабилност на штипската клиничка болница потребно е зголемување на годишните дотации од Министерството за здравство за околу 50 милиони евра. Енергетската криза предизвика редуцирање на планот за набавка на нови апарати, а го отежнува и одржувањето на постојните. Штипската болница опслужува регион со околу двеста илјади жители...

Долговите од ковид кризата и високите сметки за струја силно влијаат врз работата на Клиничката болница во Штип. Болниците струја обезбедуваат од слободниот пазар, каде цената варира и неизвесно е кога ќе се стабилизира. За последните три месеци штипската болница за струја платила околу десет милиони денари. Буџетот за оваа година е околу 550 милиони евра, а за наредната болницата очекува зголемување на средствата од Министерството за здравство.
Економската криза се одразува и врз тековното одржување на апаратите.
И покрај кризата, болницата со сопствени средства од пет милиони денари набави два нови апарати за потребите на Одделот на анестезија и реанимација. Новите апарати овозможуваат изведување на поголем број хируршки интервенции и гарантираат повисоко ниво на безбедност за пациентите.
Славица Величковска
