РКЕ

Екстра лесното масло поевтинува за 3, а Еуросупер 98 поскапува за 2 денара

03.11.2022 14:02

Регулаторната комисија за енергетика го објави новиот ценовник за горивата што ќе важи од полноќ...

Регулаторната комисија за енергетика го објави новиот ценовник за горивата што ќе важи од полноќ.

Единствените промени се кај бензинот од 98 октани – поскапува за два денара и ќе се продава 94,5 денари за литар, и кај екстра лесното масло за домаќинство кое поевтинува за 3 денари и ќе се продава за 93 денари за литар.

Другите цени остануваат како и досега.