Нов проект за консолидација на земјиштето финансиран од ЕУ
ЕУ и ФАО го промовираа новиот проект „унапредување на консолидацијата на земјиштето во Македонија“ и ги презентираат резултатите од проектот „воведување на национална програма за консолидација на земјиште“...

„Од расцепкани и ситни парцели со неправилна форма, оддалечени една од друга до заокружена географска целина. Групирање и окрупнување на земјоделското земјиште за да се добијат поголеми земјишни парцели, со правилна форма која е погодна за земјоделско производство и со посебен пристап до патната инфраструктура и системите за наводнување. Се решава овој структурен проблем кој е главен за напредокот на македонското земјоделство“, истакна министерот Николовски.
Повеќето земјоделски стопанства во Македонија се помали од два хектари, наспроти 16,6 хектари нивна просечна големина во Европската Унија.
Новиот проект, финансиран од Европската унија, ќе се фокусира на подобрување на националната политика, институционалната и регулаторната рамка за консолидација на земјиштето
Новиот проектот ќе се реализира во период од 42 месеца, од август 2022 година до јануари 2026 година.
Ана Ј. Тодоровска
