Македонија

Историски највисок буџет за изградба и реконструкција на патишта, најави Бочварски

03.11.2022 14:52

Над 350 милиони евра ќе бидат инвестирани за изградба и реконструкција на патишта-според министерот бочварски историски најмногу средства во Буџетот за в година се планирани за оваа ставка. На конгресот, се бара и поддршка за македонските градежни компании...

Над 350 милиони евра наредната година ќе се инвестираат во патната инфраструктура. Министерот Бочварски најави историски највисок буџет за изградба и реконструкција на патишта. Модернизацијата на патната мрежа, вели е предуслов за забрзан економски раст. Директорот Рустеми пак вели, најголем проблем при проектирањето на патиштата е изработката на планската документација и побара заедничка соработка за надминување на проблемот.

Транспортната заедница при Европската комисија со поддршка за проектите кои значат поврзување на земјава со соседите. Експертите согласни дека македонското законодавство во областа на транспортот мора да биде усогласено со европското, за и патиштата да бидат по европски терк.

На Вториот македонски конгрес за патишта, организаторите побараа модернизација на лабораториите на градежниот факултет, инвестиции во капитални проекти и поддршка за македонските градежни компании.

Вториот македонски конгрес за патишта се организира во чест на 55. јубилеј од основањето на Друштвото за патишта.

Викторија Милевска