Tешката металургија погодена од светските економски текови, се бара поддршка од државата
Иако енергетската криза ги погодува сите сектори на македонското стопанство не сите добиваат државна помош. Меѓу најзасегнатите е тешката металургија каде што најмногу се троши електрична енергија, но за овој сектор државата сè уште не предвидела мерки за поддршка...

Војната во Украина предизвика енергетска и економска криза која ги погоди сите сектори на македонското стопанство. Сепак, не сите добиваат поддршка од државата, па така претставниците на тешката металургија каде што најмногу се троши електрична енергија посочуваат дека мерките се селективно насочени, а тие не добиваат никаква помош иако вработуваат 5 до 6 илјади лица,
„Меѓутоа ако оваа базична индустрија не се подржи, значи зборувам не само за Макстил туку и за останатите компании коишто спаѓаат во оваа тешка металургија или базична индустрија, импактот којшто ќе го има, а којшто се гледа подоцна, да кажеме за една година од сега ќе биде поголем од колку она што може да се претпостави, Затоа ние континуирано апелираме, но за нас сè уште нема мерки“, вели Марија Дуковска Павловска-генерален директор на компанија од челичната индустрија,
Поскапувањето на енергенсите, особено на ѓубривата чија цена е за над 200 проценти повисока од периодот пред кризата придонесе земјоделците да одгледуваат култури за коишто се потребни помали трошоци, а тоа значи губење на традиционалните пазари,
„Тоа што мене лично ме плаши е што Македонија ги губи пазарите за традиционалните производи, на пример доматот, Доматот е намален за можеби 60 проценти, а доматот како производ во градинарството е со највисока додадена вредност и извозно гледано највеќе внесува девизи, Така да тоа е за мене застрашувачко“, вели Благоја Муканов – земјоделски експерт.
Експертите очекуваат стабилизирање на цените во 2023-тата, но тоа не значи враќање на цените како пред кризата, туку поскапување на производите за помал процент,
Сашо Нелоски
