Пјонгјанг

Севернокорејски воени авиони во близина на границата

04.11.2022 09:51

Ескалацијата следи откако Пјонгјанг истрела рекорден број проектили во еден ден, што предизвика предупредување за евакуација во Јапонија...

Јужна Кореја ги мобилизира своите борбени авиони откако наводно околу 180 севернокорејски воени авиони се приближиле до границата меѓу двете земји.

Ескалацијата следи откако Пјонгјанг истрела рекорден број проектили во еден ден, што предизвика предупредување за евакуација во Јапонија. Војската на јужна Кореја исто така, во петокот, соопшти дека Северна Кореја истрелала артилериски бараж во поморската „тампон-зона“што е прекршување на договорот од 2018-ма година.