Свет
Две лица повредени во силен земјотрес во Турција
04.11.2022 10:01
Епицентарот на земјотресот бил во областа Буча во Измир. Пред неколку дена Измир ја одбележа годишнината од земјотресот со интензитет 6,6 степени, во кој загинаа 117 луѓе...

Две лица се повредени во земјотрес со сила од 4,9 степени по Рихтер, што ја погоди западната турска провинција Измир и предизвика паника меѓу населението.
Нема поголема материјална штета. Епицентарот бил во областа Буча во Измир.
Пред неколку дена Измир ја одбележа годишнината од земјотресот со интензитет 6,6 степени, во кој загинаа 117 луѓе.
