Бугарско МНР: Дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија
Бугарското МНР изразува загриженост поради измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и Законот за политички партии во македонското Собрание. Велат, постои сериозна загриженост дека тие имаат цел на дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Македонија...

Бугарското МНР изразува загриженост поради измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и Законот за политички партии во македонското Собрание. Велат, постои сериозна загриженост дека тие имаат цел на дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Македонија, за што повод е едностраното толкување на историските факти.
„Легитимната потрага за спротивставување на сите форми на екстремизам и омраза не може да се инструментализира за намерно ограничување на правата на одредени заедници“, велат од бугарското МНР.
Реагираат и на формираното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности на здруженија кое во минатата недела даде негативно мислење за формирање на здружението со име „Цар Фердинанд“ во Богданци.
Закажаниот механизам, според кој „консултативното тело“ формирано во Скопје треба да дава позитивни мислења за да се дозволи употреба на дадено име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, го наметнува прашањето за наметнување пристап во интерпретацијата на историските личности и настани базиран исклучиво на доминантната официјална интерпретација во северна Македонија, велат од бугарското МНР. Додаваат дека ваквиот вид на законски измени го попречуваат ефективното и сеопфатно спроведување на договорот за добрососедство.
Од бугарското МНР очекуваат властите во Македонија да гарантираат еднакви права и слободи на сите нејзини граѓани, вклучително и на оние кои се идентификуваат како Бугари.
