Србија

Утре вонредна седница за ситуацијата со Косово

04.11.2022 12:08

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги откажа сите посети во странство и најави дека утре Владата на Србија ќе одржи вонредна седница поради ситуацијата со Косово. седницата на српската Влада е свикана по последните тензии на северот на Косово и суспензијата на регионалниот командант на косовската полиција Ненад Ѓуриќ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги откажа сите посети во странство и најави дека утре Владата на Србија ќе одржи вонредна седница поради ситуацијата со Косово.

Српските медиуми пишуваат дека седницата на српската Влада е свикана по последните тензии на северот на Косово и суспензијата на регионалниот командант на косовската полиција Ненад Ѓуриќ, кој изјави дека полицајците од српската заедница нема да издаваат предупредувања за замена на српските со косовски регистарски таблички.

Се очекува српскиот претседател денеска да се сретне со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак.