1.402 кандидати во трка за 123 пратенички места
25.04.2014 15:43
Осмите парламентарни избори, трети во низа во Македонија ќе се одржат в недела на 27 април...

Во трката за 123 пратенички места во шест изборни единици во земјата и три во странство се 1.402 кандидати на 14 листи поднесени од пет коалиции и девет политички партии. Осмите парламентарни избори, трети во низа во Македонија ќе се одржат в недела на 27 април.
Кандидатски листи за пратеници во сите изборни единици, вклучувајќи ги и 7 (Европа и Африка), 8 (Северна и Јужна Америка) и 9 (Австралија и Азија), имаат поднесено ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, СДСМ и коалицијата и ДУИ.
ДПА има поднесено листи за ИЕ 1,2,3,5,6,7 и 8, НДП за ИЕ 1,2,5,6 и 7, ПДП само за Шестата изборна единица, коалицијата „За позитивна Македонија“ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6, коалицијата „Достоинство за Македонија“ во ИЕ 1,2,3,4,5,6 и 8, ВМРО-НП во ИЕ 1,2,3,4,5,6, НДМ во ИЕ 1,2,3,4,5, СДПМ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6, ПЕП 21 во ИЕ 1 и 2, ПЕИ во ИЕ 1,2,5 и 6, коалицијата ГРОМ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6.
