Политика

Во понеделник лидерска средба, Мицкоски ќе се консултира, а потоа ќе решава

04.11.2022 12:27

ДУИ, Алијансата за Албанците и алтернатива одат на лидерска средба в понеделник. Мицкоски ќе се консултира, а потоа ќе решава. Од СДСМ со став – заеднички интерес мора да биде евроинтеграцискиот процес. Очекуваат сите парламентарни партии да учествуваат на лидерската...

Лидерите на ДУИ, Алијансата за Албанците и Алтернатива ќе одат на лидерска средба в понеделник, што ја свика премиерот Ковачевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе се консултира со коалициските партнери, со раководството и со пратеничката група за средбата. Неколку пати повтори дека негов совет бил да има лидерска за актуелните проблеми, за тоа што ги мачи граѓаните, а не за уставни измени.

В.д претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најавува дека ќе ги даде сите барања кои ги има за гласање на уставните измени, а меѓу нив е и барањето, албанскиот да биде втор службен јазик во Уставот.

Премиерот Ковачевски ја свика лидерската за да се разговара за европската иднина на земјава, но и за одлуките што треба да се носат во Собранието со широк консензус.