Закажано првото рочиште против Зеќири
Мухамед Зеќири, кого обвинителството го гони за злоупотреба на службена положба и овластување, на обвинителна клупа ќе седне на 15-ти декември, а ќе му суди судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска, одредена преку АКМИС-системот...

Закажано е првото рочиште против поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зеќири, кого обвинителството го гони за злоупотреба на службена положба и овластување, бидејќи во два случаи постапил спротивно на Законот за јавни набавки, првиот пат за консултантски услуги поврзани со Пошта, а вториот за потенцијалната приватизација на Железница – Транспорт, со што според обвинителството го оштетил Буџетот за 1,4 милиони евра.
Зеќири на обвинителна клупа ќе седне на 15-ти декември, а ќе му суди судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска, одредена преку АКМИС-системот.
Истата судијка му суди и на друг поранешен генерален секретар на владата, драги Рашковски, против кого исто така има обвинение за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци.
