МОН: Владините препораки за рационално користење на струјата доследно да бидат почитувани во сите образовни установи
Вкупно 366 основни општински училишта и 109 јавни средни училишта добиваат поддршка од државата поради непречена работа и реализација на едукацијата на младите. Во услови на прогласена кризна состојба, со склучување на договор за снабдување со електрична енергија со ЕСМ продажба, тие ќе создаваат значително помали расходи во општинските и државниот буџет...

Владината мерка за снабдување на училиштата со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра за мегават час е голема поддршка за непречено организирање на наставата во форма која е од најголем интерес за учениците – со физичко присуство во училниците, велат од министерството за образование и наука.
Вкупно 366 основни општински училишта и 109 јавни средни училишта добиваат поддршка од државата поради непречена работа и реализација на едукацијата на младите.
Во услови на прогласена кризна состојба, со склучување на договор за снабдување со електрична енергија со ЕСМ продажба, тие ќе создаваат значително помали расходи во општинските и државниот буџет, со што, се зголемува сигурноста дека воспитно – образовниот процес во училиштата ќе продолжи да се реализира непречено до крајот на годината, велат од ресорното министерство.
Апелираат владините препораки за рационално користење на електричната енергија доследно да бидат почитувани во сите образовни институции и установи.
