Струшките ученици со скратени часови, барањето изгласано во Градскиот совет
Поради енергетската криза струшките ученици со скратени часови за 10 минути. Барањето беше изгласано во Градскиот совет. Сепак, последниот збор ќе го има Министерството за образование и наука. Стружани со поделени мислења...

Струшките советници дадоа зелено светло за скратени часови со основните и средните училишта. Сепак, конечниот збор ќе го има МОН. Барањето е пристигнато се очекува одговор.
Причината за кратење на часовите од 45 на 30 минути, е штедење на струја и нафта, поради енергетската криза.
Стружани со поделени мислења, некои сметаат дека е во ред да се скрати училишниот ден, други пак велат државата треба да има пари за континуиран образовен процес.
Според професорите ваквата мерка, која би била на сила во текот на зимските месеци. Нема да предизвика негативни последици врз образовниот процес.
„Втора смена да започнува од 13 часот, наместо од 13 30 со што порано ви завршила втора смена и би заштедиле во осветлување и греење“, вели Кети Јанкоска директор на Средното стручно училиште „Нико Нестор“ Струга.
Од струшките училишта велат имаат доволно резерви на нафта. Доколку МОН го одобри барањето од општина Струга, училишниот ден ќе се скрати за околу час и половина.
Соња Рилковска
