Влада

Усвоен е текстот на барањето до ММФ за Кредитната линија за поддршка на Буџетот

04.11.2022 13:30

Средствата од Кредитната линија се наменети за поддршка на Буџетот...

Владата на денешната 99-та седница го усвои текстот на барањето до Меѓународниот монетарен фонд, за обезбедување Кредитна линија за претпазливост и ликвидност. Кредитната линија за претпазливост и ликвидност е во износ од 530 милиони евра.

Средствата од Кредитната линија се наменети за поддршка на Буџетот на Република Северна Македонија, информираат од владината прес- служба.