Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за парно
Продолжува субвенционирањето од страна на Владата во делот на сметките за топлинска енергија на домаќинствата, со цел заштита на истите од повисока цена. Откако владата најави тест периодот за топланите Исток и Запад кои треба да работат на дизел, екологистите со став – дизелот е подобро решение од мазутот. Најбитно за граѓаните е да има топли радијатори…

Владата одлучи државата да продолжи да ги субвенционира сметките за парно на домаќинствата сè додека трае кризната состојба. Оттаму појаснуваат – сакаме да ги заштитиме граѓаните од ценовен удар. Три недели по стартот на грејната сезона, ЕСМ ги разгледува сите опции за непречено обезбедување топлинска енергија. Од 15-ти ноември, топланите Исток и Запад ќе се тестираат на дизел гориво за што се набавени десетина пумпи.
Од ЕСМ велат дека префрлањето на друг енергенс се прави за да се осигура самата компанија, но и граѓаните да бидат сигурни дека претстојната зима ќе има парно греење без оглед на тоа какви ќе бидат околностите околу испораката и цената на природниот гас.
Екологистите објаснуваат – ова ќе донесе значително загадување на воздухот во Скопје.
Универзитетскиот професор Антон Чаушевски објаснува дека гасот е најеколошка варијанта, а додека разликите меѓу дизелот и мазутот не се многу големи од аспект на загадувањето. Во најавата за тестирање на топланите на дизел, гледа можност државата да ги потроши резервите и финансиски да се растовари, бидејќи-горивото што го има, не може неограничено да се чува.
Надлежните деновиве рекоа дека гас ќе се набавува на пократки рокови поради ценовните флуктуации.
Анита Димитријевска Велковска
