Утре во „Македонија наутро“ ќе гледате...
Објавен видеоспотот за „Животот е пред мене“- песната со која Лара, Јован и Ирина годинава ќе ја претставуваат Македонија на 20-то издание на Јуниорскиот Евросонг во Ереван, Ерменија. Како течат подготовките за настапот, и што ги очекува македонските претставници на патот до предизвикот Јуниорски Евросонг 2022?

80 средношколци од земјава стекнаа искуство за работата која отсекогаш ја посакувале, а 30 општествено одговорни домашни компании и организации обезбедија работни позиции за младите и донираа време, знаење и финансиски средства за време на првото издание на настанот Социјален ден во организација на здружението „Младите можат“. Какви се плановите за годинашното издание и што се подготвува за истото дознаваме од Дијана Мицевска – координатор на проектот.
Утринско кафе го пиеме со поранешниот вицепремиер, а денес редовен професор на Правниот факултет на УКИМ, проф. д-р Васко Наумовски. Вели секој од својата област може да даде свој придонес во европеизација на Македонија.
Објавен видеоспотот за „Животот е пред мене“- песната со која Лара, Јован и Ирина годинава ќе ја претставуваат Македонија на 20-то издание на Јуниорскиот Евросонг во Ереван, Ерменија. Како течат подготовките за настапот, и што ги очекува македонските претставници на патот до предизвикот Јуниорски Евросонг 2022? Македонските претставници на Јуниорскиот Евросонг со дел од евровизискиот тим гости во саботното издание на „Македонија наутро“.
Триатлон федерацијата на Македонија го најавува националното дуатлон првенство за сите љубители на трчањето и возењето велосипед кои ќе имаат можност да ги покажат своите вештини. Деталите директно од местото на настанот ги дознаваме од претседателот на Триатлон федерацијата на Македонија, Иван Михајловски.
„Македонија наутро“ во сабота почнува од 8 часот на МРТ1.
