РКЕ
Бензинот од 95 октани поскапува за два денара
04.11.2022 14:31
Регулаторната комисија за енергетика денеска направи нова корекција на ценовникот на нафтените деривати...

Регулаторната комисија за енергетика денеска направи нова корекција на ценовникот на нафтените деривати, којшто ќе важи од полноќ.
Единствената промена е кај бензинот од 95 октани. Поскапува за два денара и ќе се продава за 92,5 денари за литар.
Другите цени остануваат непроменети, откако вчера поскапе и бензинот од 98 октани.
