Штрајкот на хрватските лекари во мирување до 31 мај

25.04.2014 16:19

Главниот одбор на хрватскиот Синдикат на лекарите решил да го продолжи мирувањето на штрајкот до 31 мај,откако на 18 април истече тримесечниот мораториум...

По 31 мај Собранието ќе решава што понатаму, јавуваат хрватските медиуми по прес-конференцијата на претседателот на Синдикатот Ивица Бабиќ. Причината за продолжување на мораториумот,според објаснувањата на  Бабиќ е за да ги избегнат обвинувањата за негативните последици во здравствениот систем за кој се одговорни здравствената администрација,политиката и ресорниот министер.
 
Тој предупредил дека се укинуваат одредени болнички оддели,а повеќе од 400 лекари земаат документи за да ја напуштат Хрватска. Претседателот на Синдикатот на хрватските лекари Ивица Бабиќ ги отфрла како неточни гласините дека ја нема поддршката на дел од членовите на Главниот одбор по тужбата против него за воено профитерство. „Никој од членовите не ми рекол такво нешто. Едногласно сум избран  за претседател. По прашањето на тужбата останувам на својата изјава дека сум невин и совеста ми е чиста“, истакнал Бабиќ.
 
Соња Стојановска