Образование

Образовниот процес продолжува со физичко присуство

04.11.2022 15:32

МОН пресече и покрај енергетската криза, образовниот процес ќе се одвива со физичко присуство. Училиштата ќе се снабдуваат со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра за мегават/час. Останува прашањето дали ќе има скратување на училишните часови во одделни општини кои поднеле барање до министерството...

МОН пресече образовниот процес ќе се одвива со физичко присуство во училниците училиштата ќе се снабдуваат со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра за мегават/час. Останува прашањето дали ќе има скратување на училишните часови.

Струшките советници на барање на основните и средните училишта, дадоа зелено светло за скратени часови за заштеда на струја. Барањето е испратено до МОН од каде се очекува одговор.

Според професорите ваквата мерка, која би била на сила во текот на зимските месеци нема да предизвика негативни последици врз образовниот процес.

„Втора смена да започнува од 13 часот, наместо од 13 часот и 30 минути со што порано би завршила втора смена и би заштедиле во осветлување и греење“, вели Кети Јанкоска директор на средното стручно училиште „Нико Нестор“ Струга.

Од струшките училишта велат имаат доволно резерви на нафта, доколку МОН го одобри барањето од општина Струга училишниот ден ќе се скрати за околу час и половина.

Соња Рилковска