Македонија
Пожар во зградата на „Технометал“ во центарот на Скопје
04.11.2022 18:52
Пожар изби во зградата на „Технометал Вардар“ што се наоѓа во центарот на Скопје, на улица Македонија веднаш до седиштето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ...

Пожар изби во зградата на „Технометал Вардар“ што се наоѓа во центарот на Скопје, на улица Македонија веднаш до седиштето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Станарите од околните згради во 17 часот и 10 минути пријавиле во Бригадата за противпожарната заштита на Град Скопје, кои веќе се на терен и интервенираат за гаснење на пожарот.
Сè уште не се знае причината за настанувањето на пожарот. Тој избувнал во влезот на зградата и не се проширил нагоре.
