КСС ќе донесе 1.000 вработувања во Кичево

25.04.2014 16:27

Од компанијата најавија дека од јули започнуваат со доградба на веќе постоечки погон во кој ќе произведуваат воздушни перничиња за светски марки на автомобили...

Менаџерскиот тим на американската компанија „Кеј Сејфти Системс“ (КСС) е во посета на Македонија. Ја разгледувале локацијата во Кичево каде планираат инвестиција од 20 милиони евра. Најавија дека од јули започнуваат со доградба на веќе постоечки погон во кој ќе произведуваат воздушни перничиња за светски марки на автомобили. Планирани се 1.000 вработувања

„Планираме да започнеме со работа на баунфилд локацијата при крај на третиот и почеток на четвртиот квартал, а паралелно ќе работиме и на гринфилд делот кој треба да биде оперативен на крај на 2 квартал 2015“, изјави Џим Скарпа, одговорен менаџер за производство во компанијата.

Од наредната година КСС почнуваат со изградба на нов погон во слободната индустриска зона, во објект што ќе се простира на 10.000 квадратни метри.

„Ја постеија индустриската зона во Кичевои ги видоа активностите кои ние ги преземаме за градба со цел да се спремни пред крај на вториот квартал зоната да биде функционоална“, изјави Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.

Менаџментот на КСС планира обука за сите вработени, иако дел од вработените ќе бидат луѓе кои имаат искуство од текстилната индустријата. Компанијата е со седиште во Мичеген и брои над 9.000 вработени.

 

Соња Јованова- Наумовска