Македонија

Пожарот во „Технометал“ изгаснат, причините дополнително ќе се утврдуваат

04.11.2022 20:05

Изгаснат е пожарот што попладнево изби во поранешната зграда на „Технометал“, на улица Македонија во центарот на Скопје...

Изгаснат е пожарот што попладнево изби во поранешната зграда на „Технометал“, на улица Македонија во центарот на Скопје. Ситуацијата е под контрола и нема опасност за околните згради.

Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот го гаселе едно возило и пет пожарникари, а причината ќе се утврдува дополнително од надлежните служби.