Рим

„Сејачот“ на Ван Гог полеан со зеленчукова супа во Рим

04.11.2022 20:19

Италијанските еколошки активисти денеска фрлија супа од грашок врз сликата на Винсент ван Гог, „Сејачот“, на изложба во Рим, а потоа ја залепија за ѕидот со лепило...

Италијанските еколошки активисти денеска фрлија супа од грашок врз сликата на Винсент ван Гог, „Сејачот“, на изложба во Рим, а потоа ја залепија за ѕидот со лепило.

Акцијата ја спроведоа четири жени од групата „Последна генерација“, која се бори против глобалното затоплување и употребата на фосилни горива, пренесе „Ројтерс“.

„Тие прашања за затоплувањето и фосилните горива треба да бидат на насловните страници на информативните канали и тема на политички теми секоја минута, но тие се споменуваат само кога има скандалозни акции како денешните“, се вели во соопштението на групата.