Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со отчет за сработеното
Преку интерактивни презентации, панел дискусии, ќе се промовираат проектите коишто во изминативе 365 дена се реализирале во општините каде што градоначалници се кадри од ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска и утре, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со отчет за сработеното за една година откако се на чело на локалната власт на „Саем на промените што носат иднина“.
Преку интерактивни презентации, панел дискусии, ќе се промовираат проектите коишто во изминативе 365 дена се реализирале во општините каде што градоначалници се кадри од ВМРО-ДПМНЕ.
Целта е, како што велат од партијата, да се покаже како за само една година целосно е сменет пристапот на општините кон граѓаните, приоритет се луѓето, жителите на населените места кои ги составуваат општините, а општинските администрации се служба на граѓаните.
Многу работа, труд и посветеност на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ направија разлика која граѓаните ја препознаваат и станаа репер како треба да се работи за нивното доброто-потенцираат од партијата.
