Енергетика
Произведени 11.446 MWh струја изминатото деноноќие
05.11.2022 10:47
100% покриени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи...

АД ЕСМ на 04.11.2022 година произведе 11.446 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 8.092 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.354 MWh.
АД ЕСМ на 04.11.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, информираат од владината прес- служба.
