Свеченост по повод 40 години постоење на РЕК Битола
На настанот ќе говорат и министерот за економија Бектеши, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски.

Во Битолскиот театар ќе се одржи свеченост по повод јубилејот- 40 години од постоењето на РЕК Битола, на која ќе се обрати премиерот Ковачевски.
На настанот ќе говорат и министерот за економија Бектеши, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски.
Производството во комбинатот почнало во 1980-та година со ископ на јаловина од првиот БТО-систем, а првите киловат-часови електрична енергија биле произведени две години подоцна кога во работа бил пуштен првиот од трите блока на електраната.
Моментално, струја испорачуваат Блок 1 и Блок 2. Откако ќе биде монтиран новиот трансформатор на Блокот 3, тој ќе биде пуштен во функција, по што во краткотраен ремонт треба да влезе и Блок 2.
Ремонтните активности се вршат со цел да се зголеми доверливоста и стабилноста на капацитетот во екот на грејната сезона.
