Регион

Продолжува тензијата меѓу Белград и Приштина

05.11.2022 09:46

Според српските медиуми, седницата следи по случувањата на северот на Косово и суспензијата на регионалниот командант на косовската полиција Ненад Ѓуриќ кој изјави дека полицајците од српската заедница нема да издаваат предупредувања за замена на српските со косовски регистарски таблички.

Односите Белград- Приштина и натаму тензични. Претседателот Вучиќ на вонредната владина седница со извештај за Косово.

Според српските медиуми, седницата следи по случувањата на северот на Косово и суспензијата на регионалниот командант на косовската полиција Ненад Ѓуриќ кој изјави дека полицајците од српската заедница нема да издаваат предупредувања за замена на српските со косовски регистарски таблички.

Претходно, косовските Срби најавија повлекување од сите институции. Претседателот Вучиќ цела ноќ разговарал со Србите на Косово, а имаше состанок и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

По владината седница Вучиќ ќе се сретне со српскиот патријарх и со амбасадорите на Кина и Русија. Во меѓувреме, ги откажа сите посети во странство.