Жестоки борби во Херсон и Доњецк
Најжестоки борби се водат во регионите Херсон и Доњецк, а ракетен напад имало и во Запорожје...

Украинскиот претседател Зеленски објави дека 4,5 милиони Украинци останале без струја поради руските напади. Најжестоки борби се водат во регионите Херсон и Доњецк, а ракетен напад имало и во Запорожје. Советникот за национална безбедност на на САД, Џејк Саливен пристигна во ненајавена посета во Киев. Се сретна со претседателот Зеленски и потенцираше дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и по изборите на 8-ми ноември.
„Сакам да им се заблагодарам на партнерите за создавање механизам за координација. Помогнете и на нашата земја да ја обнови својата критична енергетска инфраструктура. Денес имаме нов пакет помош во одбраната од нашите американски пријатели. Благодарен сум на претседателот Бајден, на Конгресот на САД и на целиот американски народ за континуираната помош“, изјави Зеленски
Вашингтон најави нова воена помош за украина од 400 милиони долари, а Холандија дека ќе испорача тешка воена опрема на Украина со САД и Чешка.
