Македонија

Нестрпливо се чека новата градинка во Прилеп

05.11.2022 11:20

Постковид периодот го врати долгогодишниот проблем во Прилеп за упис на децата во градинките. Околу 300 деца се на листата на чекање, а градот се надева дека ќе го реши проблемот со новата градинка која, всушност, една година доцни со отворањето. Најавите се дека за три- четири месеци ќе биде во употреба. Градинките го носат и старо-новиот проблем со недостиг од воспитувачи и негуватели …

Околу 300 деца се на листата на чекање за упис во прилепските градинки. Проблемот е долгогодишен и ги преполни групите во шесте прилепски градинки каде се запишани 1 200 деца. Најавата дека за три-четири месеци може да профункционира новиот капацитет во прилепската населба Точила е уверување за надлежните дека проблемот ќе се реши.

Изградбата на новата градинка од околу 2 милиона евра со капацитет за згрижување 252 деца доцни цела година. Општината штотуку почнала да ги плаќа обврските. Уверува дека ставањето во употреба е прашање на време.

Постковид ситуацијата не е проблем за згрижувањето на децата во градинките, но сè уште нема решение каде тие да се сместат. Освен тоа, на градинките им останува старо-новата мака со недостиг од негуватели и воспитувачи.

Елизабета Митреска