Енергетика

Голем интерес за фотонапонски централи во Штип

05.11.2022 11:38

Инсталирањето на фотонапонски панели на фабричките кровови не е прашање на избор, туку услов за опстанок на компаниите, велат конфекционерите во Штип. Општината до сега издала педесетина одобренија за градба, а со олеснување на постапката се очекува и поголем интерес од граѓаните…

Голем е интересот за поставување фотоволтаици во Штип. Општината до сега издала 30 решенија за кровни инсталации. Интересот е голем и за фотонапонски централи на земјоделското земјиште.

Најголемиот дел од фотонапонските панели во Штип се инсталирани на фабричките покриви, главно од текстилната индустрија. Ова веќе не е избор, велат стопанствениците, туку начин за опстанок на компаниите.

И Општина Свети Николе се соочува со голем интерес за инсталирање фотоволтаици на земјоделско земјиште. Општината во обид да го заштити земјоделието, одобрува само барања за земјиште над четврта категорија.

Со законските измени и скратувањето на постапката за панели на крововите, се очекува да се зголеми интересот за фотонапонски централи со моќност до еден мегават.

Славица Величковска