Кина и Русија ставија вето на обидот да се осуди Северна Кореја
Три западни членки на Советот одделно ги осудија постапките на Пјонгјанг. Тоа го направија и десет непостојани членки на Советот за безбедност.

Кина и Русија ставија вето на обидот да се осуди Северна Кореја за балистичките ракети. Советот за безбедност на Обединетите нации не презеде ништо ниту по деветтата седница оваа година за Северна Кореја, која врши ракетни лансирања.
Три западни членки на Советот одделно ги осудија постапките на Пјонгјанг. Тоа го направија и десет непостојани членки на Советот за безбедност.
Само во последната недела Северна Кореја лансираше 25 проектили, вклучувајќи и интерконтинентални. Се наведува и дека Пјонгјанг се подготвува за нова нуклеарна проба, која исто така беше забранета со резолуции на Советот за безбедност на ОН.
