Мелничарите најавуваат поевтинување на лебот
Мелничарите се задоволни од владината одлука за обезбедување струја по поволни цени. Според најавите, новите договори за набавка на електрична енергија по поволни цени, треба да се применуваат од први декември.

Мелничарите најавуваат поевтинување на лебот за околу 10 насто кон крајот на декември или од почетокот на идната година. Сепак, тоа ќе зависи и од движењето на цените на суровините.
Мелничарите се задоволни од владината одлука за обезбедување струја по поволни цени. Според најавите, новите договори за набавка на електрична енергија по поволни цени, треба да се применуваат од први декември.
Како дополнителна мерка која ќе влијае на намалување на негативниот ефект од растот на цените на суровините, се посочува и активирањето на стоковните резерви.
Засега, цените на лебот кај нас се на исто ниво како и во соседните држави. Цените во ЕУ се од 120 до 360 денари по векна, зависно од грамажата.
