Македонија

Македонските ракометарки ги почнуваат настапите на ЕУРО 2022

05.11.2022 15:36

Македонија, покрај Словенија и Црна Гора, е една од трите држави во регионот кои се организатори на Европското првенство во ракомет. Нашата репрезентација денеска ќе игра против француската, шансите за поволен резултат се незначителни, но не треба однапред да се откажуваме …

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во 18 часот ќе игра женската македонска ракометна репрезентација на која прв противник ѝ е Франција. Првенството ќе се одржува до 20-ти ноември во Скопје, Љубљана, Цеље и Подгорица.

Селекцијата на Франција е актуелен олимписки шампион и финалист на последното Европско и последното Светско првенство. Македонските фанови велат дека шансите на нашите девојки во судирот со французинките не се многу големи, но наше е да покажеме борбеност, пожртвуваност и желба за надигрување со големиот противник.

Вториот противник на македонската ракометна репрезентација е Холандија, со која играме в понеделник. Холанѓанките исто така се големи фаворитки против нас, ние најголемата шанса за победа ќе ја имаме в среда кога играме против селекцијата на Романија. Романките на хартија се посилни од нас, но послаби од Франција и Холандија.

Александра Спировска