Ковачевски: Енергетската криза ќе ја надминеме како што ја надминавме и пандемијата
Нема да има отпуштања, енергетската криза ќе ја надминеме како што ја надминавме и пандемијата, порача премиерот Ковачевски на одбележувањето на РЕК Битола. Вети, ќе има и храна и енергија. Влада ќе носи одлуки за намалување на цените на клучните производи за населението, најави министерот Бектеши…

Точно во 23 часот и 52 минути, на 4-ти ноември синхронизиран на електропреносниот систем беше Блокот 1. Момент кога започна да се развива комбинатот од најголемо стратешко значење за државата. И денес, во услови на најголемата светска енергетска криза, РЕК Битола во континуитет стопроцентно ги обезбедува потребите за домаќинствата и малите потрошувачи.
Со новите владини мерки, помагаме и на останатите субјекти. Нашата цел е да помагаме во претстојната енергетска транзиција, а работните места да бидат сигурни, рече премиерот Ковачевски.
Столб во енергетиката, но и економијата. Зголеменото производство од 20 проценти влијае во носењето на мерките и за справување со економската криза. Вложуваме во обновливи извори на енергија, но вложуваме и во постоечките термоелектрани, велат од АД ЕСМ.
Од Компанијата велат дека се горди што на истиот ден по четири децении во централниот регистар е регистрирано новото друштво на ЕСМ Топлификација, за топловодот кој се гради.
Стевче Митревски
